fbpx

Тажен ден во Македонија! Многу направи за толку млад да заминеш

Не стивнуваат реакциите по прераната смрт на Дарко Димовски.

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) почина по кратко боледување на 45-годишна возраст.

Колегите, соработниците и работниците ќе го паметат како голем борец за работничките права кој остави длабок белег во синдикалното и работничкото движење на Македонија.

На социјалните мрежи цел ден се споделуваат трогателни посвети за Димовски. Од него се прости и Сунаи Сабриоски, познатиот новинар на телевизија 24. Неговото излагање ви го пренесуваме во целост.

Ќе фалиш другар!

Ќе остане неиспиено договореното кафе од претходната недела!

Многу улици беа затворени, а таму бевме заедно! Веројатно таму некаде на некоја раскрсница некогаш ќе се сретнеме!

Беше искрен и доследен борец. За новинарите достапен 24/7. За некои луѓе едноставно не треба да се пишуваат работи, бидејќи ти беше доследен во тоа што го работеше и веруваше и тоа ќе остане така запишано, доследен синдикалец!

Кога и да те побараше чоек знаеше одма да кажеш: „Знам за што ме бараш, ќе средиме, дојди кафето да го испијаме и ќе се снимаме!“

Умееше да се справиш со дадена ситуација, знаеше да ја спуштиш топката кога ќе влеговме во вербална дискусија по одредено прашање.

Секогаш велеше дека кога се во прашање политичарите никогаш не е доста со барањата бидејќи сметаше дека секогаш може подобро.

Голем човек си ти, ете ќе останеш присутен помеѓу нас, ние кои те знаевме со каков елан влегуваше во секоја битка.

Има многу да се пишува за тебе ама малку простор за да се објасни тоа, тие што не те познаваа не можат да зборуваат за твојата човечност. Ние што те знаеме имаме што да кажеме за тебе.

Твоето предводење на синдикалците беше искрено и со доблесни намери.

Нека остане синдикалецот присутен помеѓу нас.

Многу направи за толку млад да заминеш!

Почивај во мир другар!

Сочувство до семејството!

Следни Објави

Десет години од запросувањето, конечно застанаа пред олтар

Десет години откако се свршија, ТВ-презентерката Татјана Стојановска и нејзиниот партнер, бизнис консултантот Михаил Китановски, вчера се венчаа пред најблиските. Се запознале на одмор во Турција 2012 година каде биле со децата и таа пријателска дружба преминала во врска. По една година почнале заедно и да живеат. Познатата ТВ-презентерка и поранешна Мис на Македонија […]