fbpx

Светот во шок! Познатата актерка застрелана во Атланта, имаше само 35 години

На 35-годишна возраст почина познатата актерка Рашида Вилијамс.

Трансродовата ѕвезда позната како „Коко Да Дол“ е застрелана во Атланта, јавува „Метро“.

„По пристигнувањето на местото на несреќата, полицијата пронајде мртво женско лице со очигледна прострелна рана. Не покажуваше знаци на живот и веднаш беше прогласена за мртва“, изјави за медиумите полицијата на Атланта.

Рашида неодамна се појави во документарниот филм „Кокомо Сити“ кој премиерно беше прикажан на познатиот филмски фестивал Санденс.

-Го снимив „Кокомо Сити“ затоа што сакав да ја покажам забавната, хуманитарната, природната страна на црните транс-жени. Сакав да направам филм кој не прикажува трауми или статистика на убиства на овие посебни луѓе. Сакав да создадам нешто свежо и инспиративно. Успеав. Ние заедно го направивме тоа“, напиша во својата изјава Смит кој го режираше филмот.

Тој жали што, сепак, историјата се повторува.

„Смртта на Коко е исклучително тешко да се поднесе, но сега повеќе од кога било сме охрабрени да го инспирираме светот со нејзината приказна. Да покажеме колку била убава и полна со живот. Таа ќе ги инспирира генерациите што доаѓаат и никогаш нема да биде заборавена“, дополнува Смит.

Следни Објави

Неочекуван пресврт! Шокантни сознанија за младиот Александар, еве што последно направил пред да исчезне

Не стивнуваат реакциите во целиот регион по фаталното исчезнување на 18-годишниот Александар Јовановиќ. Последната снимка од момчето од кое нема ниту трага, ниту глас веќе цела недела ја објави српски „Блиц“. На видеото кое го испратило неговото семејство, Александар е исклучително вознемирен и гневен. Најшокантен е делот во кој исчезнатиот […]