Коста Кецмановиќ (13) пред десетина дена тргна во крвав поход во училиштето „Владислав Рибникар“ каде уби осум ученици и вработен од обезбедувањето.
По трагедијата која ја потресе и згрози цела Србија, па дури и светот, се појавија различни шпекулации, најмногу поврзани со психолошкиот профил на момчето и причините кои довеле до ваква трагедија.
Додека едни ги осудуваат родителите кои му дале пристап до оружје, за други виновно е општеството и искривените вредности во истото.
Во меѓувреме, секојдневно се објавуваат нови снимки и фотографии од Коста, а последното видео на кое наводно е Коста и е прикачено на „јутјуб“, никого не остава рамнодушен.
„Оф сонце, пресладок е.. Мало ангелче“, е еден од коментарите на социјалните мрежи. Сепак, има и доста вулгарни коментари од типот „монструм“, „мал убиец“..
На истото наводно е Коста и е создадено во 2015 година, а можете да го погледнете ТУКА!
Инаку, луѓе блиски на персоналот на Клиниката каде што е сместен Коста велат дека момчето не покажало никакво каење и дека единствено било заинтересирано за една работа.
„Зборуваат ли сите за мене?“ и „Дали сум новиот цар на социјалните мрежи?“ наводно биле единствените две прашања кои им ги поставувал на лекарите.
Според други извори, пак, масовниот убиец на лекарите детално им раскажувал за Гебелс и неговите „генијални“ методи, дури им напоменал и дека бил навредуван од Евреи.