Жителите на Слупчане вечерва со палење на гуми на патот го блокираа влезот на екипите на ЕВН.
Од компанијата веќе неколку месеци се обидуваат да стават ред со неможноста да наплатат струја во оваа општина.
Според последните информации, ЕВН Хоме ја исклучила електричната енергија и селото е во тотален мрак.
Слупчане важи за населено место каде што најмалку се плаќаат сметките за електрична енергија. Фактури за струја пристигнуваат само кај 20 отсто од домаќинствата.
Видеото на ТВ21 погледнете го во продолжение: