fbpx

Конечно убава вест! Евтината струја се враќа и преку ден: Еве кога и каде!

Евтината струја од први декември ќе ја има од 13 до 15 часот, но не кај сите

Евтината дневна тарифа на електричната енергија започнува со примена од први декември во периодот од 13 до 15 часот и во првите 10 дена од декември најголем дел од потрошувачите, односно најголем дел од домаќинствата ќе имаат пристап на евтината тарифа, потврди денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски.

„Тарифниот систем за евтината дневна тарифа е донесен уште во јуни, објавен е во „Службен весник“, нема никакви измени и сето тоа ќе стартува и ќе си функционира беспрекорно. Значи, нема никакви проблеми. Евтината тарифа ќе биде воведена и тоа ќе биде одлична вест за граѓаните, особено за пензионерите коишто во изминатиот период кажаа јасно и гласно дека таа многу им помага во нивниот стандард и од тоа нема отстапки“, рече Бислимоски во одговор на прашање пред почетокот на Економскиот форум „Од криза до решенија: Станавме ли поотпорна економија денес?“ во организација на Фајнанс тинк.

Евтината дневна тарифа беше укината на 1 јануари 2022 година, кога имаше и поголемо зголемување на цената на електричната енергија за 9,48 отсто. Доколку останеше евтината дневна тарифа, ќе требаше да се зголеми цената на струјата за дополнителни 5 отсто, односно зголемувањето ќе изнесуваше 14,23 отсто.

Евтината тарифа беше укината со образложение дека цената на струјата во Македонија била најниска во Европа и освен кај нас, модел на користење на струјата како евтина тарифа немало никаде.

Следни Објави

Со стар рецепт се излекува од рак: Овој маж открива како си го спасил животот

Еден средовечен маж од Бугарија лани одлучи да ја сподели со јавноста својата емотивна животна приказна која охрабри многумина кои се борат со рак, истовремено потсетувајќи ги дека надежта последна умира. Во 2002 година му откриле тумор во мозокот – бениген. Веднаш бил хоспитализиран на софиската клиника за операција. Туморот […]