fbpx

За евтина струја сепак ќе почекаме: Еве кога ќе се врати и преку ден

Дневна евтина тарифа на струјата ќе има, но од следната година. Иако се очекуваше тоа да се случи сега од први јули, според информациите на Телма оваа поволност граѓаните ќе ја добијат од јули идната година.

Наместо евтина тарифа, најверојатно од први јули ќе има и благо покачување на цената на струјата за граѓаните-едноцифрено, неофицијално дознава телевизијата.

Евтината дневна тарифа беше укината на 1 јануари 2022 година, кога имаше и поголемо зголемување на цената на електричната енергија за 9,48 отсто. Доколку останеше евтината дневна тарифа, ќе требаше да се зголеми цената на струјата за дополнителни 5 отсто, односно зголемувањето ќе изнесуваше 14,23 отсто.

Евтината тарифа беше укината со образложение дека цената на струјата во Македонија била најниска во Европа и освен кај нас, модел на користење на струјата како евтина тарифа немало никаде.

Следни Објави

Ти ги бакнувам рацете со кои силно ме гушкаше: Драгче со трогателна посвета

Драгица Стевковска сподели тажна вест со своите пријатели на социјалните мрежи. Популарната Драгче од ТВ-екраните со трогателна посвета се прости од татка си. „Душо слатка, татко мој, ти ги бакнувам рацете со кои силно ме гушкаше и велеше дека сум среќичка твоја.. Патувај во вечноста мир и спокој на твојата […]