Се самоуби жената која беше снимена како врши нужда во центарот на Бања Лука.
На социјалните мрежи неодамна беше објавено видео на кое може да се види како таа излегува од автомобилот и врши нужда пред Народниот театар во Бања Лука.
Еден од минувачите сето тоа го сними и видеото брзо се прошири на социјалните мрежи.
Откако видеото беше објавено на мрежата „Х“ (поранешен „Твитер“), корисниците вербално ја линчуваа.
Семејството на жената за „АТВ“ вели дека ќе направат се’ за да го пронајдат лицето кое неовластено ја снимало и ја искористило снимката на социјалните мрежи.
Исто така, семејството сака да открие кој на несреќната жена ѝ праќал навредливи пораки.