Популарната пејачка, авторка и професорка Андријана Јаневска сподели емотивна посвета за својата прерано почината мајка.
Јаневска објави и колаж од неколку фотографии. Нејзината објава ви ја пренесуваме во целост.
Веќе петто лето, петта зима,
Сонцето, мајко, изгрева и заоѓа,
секое изгрејсонце ликот твој го има,
во секоја сончевина, тебе те пронаоѓам.
На мајка ми Нада.
Во едно од своите интервјуа, Јаневска откри дека мајка ѝ починала ненадејно, од мозочен удар, на 62 години.
По нејзината смрт ја компонира нумерата „Летај“, како што изјави во една прилика, за неа, но и за сите кои изгубиле некој близок.