fbpx

Брутална исповед на медицинска сестра: Ова се моите последни денови!

Мислела дека ќе може да го победи вирусот мирувајќи дома, но кога нејзината здравствена состојба нагло се влошувала, завршила во болница. Починала по 24 дена  

Медицинска сестра од Њу Џерси која почина од коронавирус последните три недели од животот ги поминала документирајќи ја страшната битка со болеста. На видеата се гледа како температурата која никако не можела да ја спушти дома резултира со страшни напади на целото тело, а потоа останува без здив во пренатрупаната болница.

Снимките на Памела Орландо која почина на 65 години се направени на крајот од март, но дури сега почнаа масовно да се споделуваат на социјалните мрежи.

Кога се соочила со првите симптоми се чувствувала релативно здрава и била убедена дека ќе успее да се излекува дома. Но, како што самата вели на снимките, веќе вториот ден нејзиното лице станало сиво и почувствувала сериозни болки во грбот.

– Трет ден од овој прекрасен вирус. Слушнав дека деветтиот е најлош, среќна сум што засега добро се држам – вели Орландо надевајќи се дека нејзината состојба ќе се подобри.

Сепак, веќе на четвртиот ден нејзиното видео добива помрачен тон. Здравјето ѝ се влошува до тој степен што веќе не е сигурна ни кој ден е следен.

– Мислам дека е сабота, 21:15 часот. Денешниот ден не е добар. Не можам да се поместам, веднаш останувам без воздух. Молете се да ми биде подобро – вели таа.

На последните две видеа Орландо кашла во маската за кислородна поддршка, повикувајќи ги тие што ја гледаат да се молат за неа.

Памела почина на 16 април, 24 дена откако се разболела.

Следни Објави

Повторно се појави болеста што покоси милиони: Ја има во три облици!

Болеста која во средниот век зеде милиони животи во Европа, предизвика загриженост во Кина по појавата на еден нов случај. Сепак, во регионот Внатрешна Монголија, каде неколку лица уште минатата година се заразија со оваа смртоносна болест, на сила е само трет степен на опасност. Зошто е тоа така? Како […]