Љубовниот живот на Благица Павловска последниве години е вистинска мистерија.
Познатата пејачка прашањата за емотивниот статус мудро ги одбегнува.
Таа пред повеќе од две години откри дека е исполнета и среќна и дека конечно си го пронашла мирот покрај човекот на нејзиниот живот.
– Тале ми е духовен водач, тој е мојата сродна душа. По последниот бродолом кој ми се случи на приватен план, решив да направам пауза и да се посветам на самата себе, да си ја смирам душата и едноставно да се излечам. И тогаш, најспонтано се заљубив, во човекот кој во моментов седи со мене и ми го храни срцето. Ова не е една од тие љубови кои брзо се палат и гаснат. Во оваа врска имам силна духовна поврзаност, љубов и почит, а тоа е најважно – раскажа Павловска во една прилика.
Не знаеме дали овој човек се’ уште ѝ е рамо за плачање, но и најголема поддршка, но едно е сигурно-легендарната фолкерка едноставно блеска и никогаш не била поубава.
* Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.