Познатата водителка и авторка на музичкиот магазин „Стисни плеј“ конечно проговори за својот приватен живот.
Александра Јовановска одлучи да сподели детали од врската со музичкиот продуцент и диџеј Ангел Здравковски и нивниот заеднички живот во Сопиште.
– Заедно пораснавме, се градевме и приватно и професионално. Седумнаесет години се навистина значајна бројка, но ни тој, ниту јас сме оптоварени со времето. Не го сметаме за товар, ни за голем успех. Живееме заедно, не сме од тие парови чии свадби и веселби пропаднаа поради пандемијата, бидејќи тоа не ни беше во план. Ниту планираме герила акции во вакво време. Секоја љубов е приказна за себе. За нашата можам да кажам дека е совршено надополнување, во кое секој има доволно слобода да биде свој и да не се претопи во другиот. Ние секој ден посветуваме многу грижа и внимание еден на друг. Нашата поединечна среќа, а со тоа и заедничката, е главен приоритет – вели водителката за „Женски магазин“.