Со надеж за подобри времиња, девојчето искрено и отворено посака Дедо Мраз да ѝ подари само едно
Пандемијата на коронавирусот го раздрма светот, за жал состојбата се’ уште е крајно неизвесна, а колку е се’ отидено предалеку покажува и пораката на едно мало девојче од Австралија кое има само една желба за новогодишните и божиќни празници.
Саманта Дикен, мајката на осумгодишното девојче, го пронашла писмото за Дедо Мраз кое го напишала нејзината ќерка.
Таа го објавила во групата „Семејни совети и идеи“ и од тој момент објавата станува вирална.
„Драг Дедо Мраз, оваа година за Божиќ сакам светот да се врати по старо. Не знам дали можеш тоа да ми го исполниш, но би било убаво ако можеш. Не ми пречи да не добијам подароци, имам се’ што ми треба. Ти благодарам“, пишува таа.
Трогната од желбата на својата ќерка ги прашала другите родители како пандемијата влијае на нивните деца. Корисниците на групата едногласно напишале дека писмото ги растажило до солзи.
„Колку само е несебична“, заклучила една мајка од групата.
* Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.