Својата сопруга првпат ја видел кога била бебе. Тој тогаш имал 23 години
Оваа двојка навидум изгледа како секое нормално семејство, но речиси секојдневно се соочува со негативни коментари од роднините поради својот брак.
Клаус и Џозефин се роднини и тоа не далечни. Тој ѝ е чичко, брат на нејзиниот татко.
За германските медиуми Клаус раскажа дека првпат ја видел кога била бебе, а тој имал 23 години. Долго не биле во контакт, а таа го запознала кога наполнила 16 години.
Три години подоцна, Клаус ѝ признал дека има чувства кон неа, но ѝ ветил дека нема да ѝ се приближува. Одлуката била нејзина.
Во брак се веќе 14 години, но и горди родители на тројка.
Нивниот брак е легален, бидејќи од правен аспект, нивната врска претставува однос од трет степен во Германија. Според тамошните закони, ним им е дозволено да се венчаат и да имаат деца, пишува магазинот „Феникс“.
На Клаус и на Џозефин не им пречи ниту разликата во години. Признаваат дека долго морале да се борат против предрасудите и да научат како да се носат со лошите коментари, но се среќни што повеќе ништо не ги засега.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.