Се’ уште е драматична состојбата на грчкиот остров Евија каде пожарот неконтролирано се шири.
Над илјада жители беа принудени да ги напуштат своите домови, да остават буквално се’ што спечалиле за да си го спасат животот.
На социјалните медиуми постојано се објавуваат апокалиптични сцени на кои јасно се гледа хоророт кој го преживува тамошното население, но и бројните туристи кои мораа да го прекинат годишниот одмор.
На една слика која експресно стана вирална, постара жена е фотографирана пред својот дом во Евија.
На друга, пак, исто толку срцепарателна, е фотографирана постара брачна двојка на еден од траектите. Сопружниците Јоргос (89) и Парисо (87) лежат уморени и уплашени. Не успеале ништо да понесат со себе, освен кучето Бела.
Фото: Константинос Цакалидис/Инстаграм/Танјуг/АП
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.