Тоа што се случи е страшно, коментираат жителите
Еднo лице загина во пожарот што утрово по девет часот избувна во стан во скопската населба Хром.
Станува збор за 35-годишниот И.Ј. од Скопје.
Од МВР информираат дека пожарот бил пријавен во 9 часот и 47 минути во стан на улицата „Исаија Мажовски“.
Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита, а во опожарениот стан е пронајден починатиот. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.