fbpx

Загинатата Антонела била бремена, Марко се бори за живот: Ова е младата брачна двојка од автобусот на смртта (ФОТО)

Во страшна автобуска несреќа кај Венеција загина младата Антонела Перковиќ од Хрватска, додека нејзиниот сопруг Марко Баковиќ е тешко повреден.

Тамошното министерство за надворешни работи ја потврди оваа тажна вест, информирајќи ја јавноста за смртен случај на нивен државјанин и за тешки повреди кај едно лице, исто така со хрватски пасош.

Според засега познатите информации, трагично загинатата Антонела имала само 24 години и била во шестиот месец од бременоста. Нејзиниот сопруг, кој моментално е на интензивна нега, бил во животна опасност, но сега е стабилен.

Оваа млада брачна двојка од Сплит била на меден месец, а неофицијално се венчале пред само три недели. Тие заедно со другите патници се враќале од Венеција со автобус кога се случила трагедијата.

Во несреќата загинаа уште 20 лица, меѓу кои пет државјани на Украина, како и државјани на Германија, Франција и на Италија.

Следни Објави

Брат и сестра скокаат од зграда: Се слушаат последните зборови, починаа на лице место (ВИДЕО)

Момче и девојка со пренос во живо на социјалните мрежи скокнаа од 24. кат на зграда во Киев. Полицијата соопшти дека станува збор за брат и сестра на возраст од 17 и 18 години. „Жртвите од здобиените повреди починале на лице место“, објавија тамошните власти. На вознемирувачкото видео се гледа […]