Пред да се заколне на вечна љубов со Тони Бијелиќ, беше во долгогодишна врска со естраден менаџер и политичар
На врвот од популарноста, Драгана Мирковиќ љубеше еден друг бизнисмен кој се бавеше и со политика, а на фолк-ѕвездата не ѝ беше само момче, туку и нејзин менаџер.
Станува збор за Зоран Башановиќ кој во едно интервју од 2010 година откри дека не е повеќе во контакт со Драгана, но и призна дека во една прилика тајно се венчале.
„Многу време поминувавме во странство. Кога не работевме, гледавме да отпатуваме што е можно подалеку, бидејќи единствено таму имавме раат. Постојат туристички венчавки на далечни дестинации и острови каде луѓето се земаат на шега. Така направивме и ние во една капела во Лас Вегас, по примерот на многу познати двојки, но таа венчавка никаде не е заведена и не важи. Ете така Драгана се омажи за мене“, откри Башановиќ кој имаше кратка романса и со нејзината колешка Мира Шкориќ.
Мирковиќ се омажи за Бијелиќ во 2000 година без големо медиумско внимание. Двојката има две деца, ќерката Мануела и синот Марко.
Фото: Инстаграм/Принтскрин Јутјуб
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.