fbpx

Важно! Прочитајте веднаш! Заборавете на ковид, нè чека нешто многу пострашно

Големи се шансите уште еднаш во животот да се соочиме со пандемија како оваа со коронавирусот, тврдат научници

Сојот омикрон не е првата мутација на Ковид-19 која предизвика реакции и различни стратегии ширум светот. Сепак, кога пред некое време беше откриен, изгледаше како да се враќаме на почеток: паника, откажани патувања, построги рестриктивни мерки, а секоја земја самостојно одлучува колку подалеку ќе оди во обидот да го спречи ширењето на новата варијанта.

Професорот Марко Марани од Универзитетот во Падова нагласува дека човештвото се обидува да ги сузбие заканите кои постојат веќе подолго време.

„Јас сум инженер и се занимавам со статистика на екстремни случувања. Затоа се заинтересирав за веројатноста кога повторно ќе се соочиме со слична пандемија. Бев изненаден кога открив дека, очигледно, никој не го поставил ова прашање, затоа што не постоеја никакви податоци“, вели тој.

Заедно со уште неколку експерти одлучил да ја открие веројатноста за соочување со нова пандемија како оваа.

„Епидемиолозите се фокусираат на маларијата, на жолтата треска. Разбирливо е што се специјализирани за одредени болести. Но, општото прашање во врска со пандемијата која се јавува без оглед на конкретната болест, изгледа никогаш порано не е поставено“, објаснува.

Неговиот тим анализирал податоци почнувајќи од 1600 година до денес, набљудувајќи ги најсмртоносните болести кои го погодиле човештвото. Заклучокот до кој дошле е загрижувачки.

„За оние родени на почетокот на овој милениум, веројатноста е 38 отсто. Тоа е многу веројатно случување. Дали би сте се обложиле на се’ што имате ако имате 40 отсто шанса се’ да изгубите. Искрено, нема. Тоа е она што ние го правиме, така што не бевме подготвени. Ова е алармантно. Нашите деца имаат најмалку 38 отсто шанса да се соочат со уште една пандемија и тоа е нешто што би требало да ги натера луѓето да побрзаат и да се подготват за ова, без оглед што борбата против актуелната пандемија се’ уште е во тек“, нагласува Марани.

Во 20. век луѓето се соочија со исклучително смртоносна пандемија, шпанската грозница, која траеше три години. Марани вели дека од ова се извлечени малку поуки.

„Морам да направам паралела со поплавите. Неверојатно е да се види како на местата каде што имало големи поплави, после само пет децении почнува да се гради, а не би требало. Едноставно ни одговара да сме со кратка меморија“, заклучува тој.

Фото: Профимедија

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Прво плаќаме струја, па за леб ако остане: Советник од Гевгелија со отворено писмо до министерот Бектеши

Министре Крешник Бектеши, Ви се обраќам ко советник во Општина Гевгелија, а инспириран од вашето успешно решение на проблемот со струјата во Арачиново. Ова го правам затоа што и ние во Гевгелија имаме проблем со струјата. Конкретно, Гевгелија пие вода од бунари. Водата од бунарите се вади со пумпи кои […]