Милан Лане Гутовиќ, легендарниот актер кој се прослави како Среќко Шојиќ, почина на Военомедицинската академија, потврди Тајнуг.
Беше еден од најталентираните глумци на овие простори, подеднакво успешен и во театар, и на телевизија и на големото платно.
На Гутовиќ нагло му се влоши здравјето пред да биде хоспитализиран. Пред шест дена српските медиуми јавија дека е приклучен на респиратор.
„Веројатно ќе бидам подобар“, кратко порача тој кога го примија во болница.