fbpx

Предвреме исплата по групи: Еве кој ден може да си подигнете пензија!

Пензиите за јуни ќе се исплатат предвреме почнувајќи од утре, а ова е овозможено со одлука на Владата со утврден распоред со цел да се избегне ризикот од КОВИД-19.

Сите банки дале согласност јунските пензии да бидат предвреме процесуирани за готовинска исплата во четири групи (денови) почнувајќи од утре (26.06.2020), како и согласност безготовинската исплата да се овозможи од утре (26.06.2020), односно јунските пензии да се користат преку банкомати и во трговска мрежа исто така од утре (26.06.2020).

Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, според постигната согласност од банките ќе се спроведе во четири групи (денови) во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно следниот распоред:

  • За пензии со висина до 11.000 денари, исплата да се изврши на 26.6.2020 година (петок);
  • За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.6.2020 година (понеделник);
  • За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.06.2020 година (вторник); и
  • За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.7.2020 година (среда).

Следни Објави

Ѝ купил Ферари и луксузен стан: Македонскиот фудбалер не штеди за сопругата

Македонскиот фудбалер Дарко Тасевски на сопругата ѝ купил луксузен автомобил, постар модел на „Ферари“ кој наводно чини 100.000 евра и пентхаус на атрактивна локација во Софија за кој потрошил 250.000 евра, пишува бугарски „Викенд“, пренесува ММС.мк Тасевски е во брак со поранешната мисица Романа Андонова која за автомобилот и самата […]