Српската министерка за култура Маја Гојковиќ им ги предаде на истражните органи документите кои наводно укажуваат на поврзаност на криминалната банда на Вељко Беливук, многу попознат како Веља Невоља, со државни функционери од областа на културата.
Таа истакна дека предала два предмета кои се однесуваат на блиски контакти на ресорното министерство со инкриминирани лица и најави и трет документ поврзан со тешка кражба во еден белградски музеј.
Гојковиќ нагласи дека се работи за чист криминал, но дека не може да зборува за деталите бидејќи истрагата е во тек.
Беливук очигледно добро го осмислил секој потег до најситни детали. Медиумите веќе пишуваа за неговиот генијален потег во својот возен парк имал два автомобила марка „Ауди“, идентични како оние на директорот на полицијата Владимир Ребиќ.
Тој и неговата „војска“ генијално го осмислиле и начинот на кој ќе комуницираат. Ја користеле кодирната апликација „Скај“ која користи шифрирани податоци и кои практично е невозможно да бидат откриени бидејќи се посебно заштитени. Дури е можно со внесување на посебна лозинка, трајно да се избришат сите податоци испратени преку оваа апликација.
Фото: Дарко Војиновиќ/Курир
*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.