fbpx

Необична жена: Која е Андреа, новата Мис Универзум?

„Мексико, оваа титула е за тебе“, порача 26-годишната Андреа Меза која е прогласена за Мис Универзум на 69-то издание на овој престижен светски избор за убавина.

Андреа дипломирала софтверски инженеринг и тоа гордо го истакнува, особено поради фактот што во оваа сфера доминираат мажите.

Таа е голем борец за женските права и моментално соработува со Институтот за жени чија главна цел е спречување на родово насилство.

Освен што работи како модел, Андреа е и шминкерка. Има сопствена модна линија, веган е и слабост ѝ се екстремните спортови.

Важи за голем патриот и обожава да пее.

На изборот Мис Универзум ги освои симпатиите носејќи традиционална мексичка носија направена од дрво и од хартија.

„Во денешно време убавината е повеќе од изгледот. Ако мене ме прашувате, убавината се гледа преку духот, преку срцето, но и преку начинот на однесување. Никогаш не дозволувајте некој да ви каже дека не вредите“, вели Андреа.

Фото: Профимедија/Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Знае сѐ, но мора да молчи: Која е сопругата на Мика Алексиќ?

Постојано се појавуваат нови грозни сведоштва од ученици кои тврдат дека биле психички или сексуално злоставувани од познатиот српски режисер, сценарист и учител по глума Мирослав Мика Алексиќ. Славниот наставник по глума кој се соочува со сериозни обвинувања и веќе подолго време е во притвор ги негира сите обвиненија. Шокантен […]