fbpx

Хорор! Нов масакр во Србија, еве кој е напаѓачот кој уби најмалку десет души

Десет лица се убиени според последните информации за вечерашното пукање во Младеновац кој српските власти го окарактеризираа како терористички чин.

Осомничен е 21-годишниот Урош кој стрелал и ранил 25 лица во две села кај Младеновац. Тој отворил оган во училишниот двор каде претходно имал расправија. Застрелал и убил 20-годишен полицаец и неговата сестра, но продолжил да пука и кон сите кои му се нашле на патот.

Според очевидци, жртвите мирно седеле на клупа кога почнал крвавиот поход.

Мештаните се во шок. Се стравува дека може да има повеќе жртви, а според неофицијални информации меѓу ранетите има и деца.

Полицијата се’ уште трага по убиецот. Последен пат бил виден во близина на Мали Пожаревац, како бега во Мерцедес.

Ова е втор масакр кај нашиот сосед во рок од само 48 часа. Вчера во основно училиште во Белград 13-годишно момче уби девет соученици и чуварот на школото.

Следни Објави

Утре славиме Ѓурѓовден: За богатство и среќа направете го ОВА!

Најголемиот христијански празник од пролетниот циклус којшто е непроменлив и секогаш се паѓа на 6-ти мај по новиот календар. Го празнува не само христијанското, туку и целото население воопшто. Има голема традиција во словенските земји, меѓу кои и нашата, што значи дека неговата основа е празнувањето на природата, на будењето […]