fbpx

Најнова вест! Во ново пукање убиена 17-годишна девојка, пет лица се ранети

Убиена е 17-годишна девојка, а пет лица се ранети во пукотница што се случила рано утринава на забава во близина на универзитетски кампус во Северна Калифорнија.

Полицијата затекнала шест лица застрелани во станбена зграда во Чико, изјави началникот на полицијата, Били Олдриџ.

Сите биле префрлени во болница, а тинејџерката подоцна починала, пренесува Си Ен Ен.

„Две момчиња на возраст од 21 и 19 години и една 17-годишна девојка остануваат во болница во стабилна состојба со повреди кои не се опасни по живот, додека момчиња на возраст од 18 и 20 години се пуштени дома“, откри Олдриџ.

Засега полицијата не соопштува никакви информации за напаѓачот, ниту пак се соопштуваат имињата на жртвите.

Следни Објави

Ивановска: Вакво нешто е невозможно да се спречи, а сега ќе објаснам и зошто!

Со тешко срце го оставам овој коментар од мене, чувствувајќи се повикана најмногу поради мојата професија. Тешко е да се помириме дека некои нешта се надвор од наша контрола. Во случајов да се помириме дека е возможно да го пратиме сопственото дете на училиште, а тоа никогаш да не се […]