fbpx

Ќе ви го скрши срцето: Холивудската дива соопшти тажна вест

Легендарната актерка Шерон Стоун сподели тажна вест на „Инстаграм“.

Холивудската дива ги информира фановите дека починал нејзиниот внук Ривер Вилијам Стоун.

Таа објави неколку снимки од малечкото кое на осми септември требаше да наполни една година.

Под објавата има илјадници коментари со сочуство.

„Ова ми го крши срцето“, „Плачам, многу ми е жал, Шерон“, „Сега семејството е најважно“ се дел од емотивните пораки од нејзините бројни пријатели и обожаватели.

Рано денеска, ѕвездата од филмот „Основен инстинкт“ напиша на социјалните мрежи дека нејзиното внуче паднало во кома откако му откажале органите. На фотографијата што ја сподели се гледа детенцето легнато во болнички кревет интубиран и опкружен со жици.

„На мојот внук од брат денеска нагло му се влоши состојбата. Молете се за него. Потребно е чудо“, напиша Шерон утринава.

Фото: Инстаграм

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Осум години пекол: Северина откри детали за старателството

Хрватската поп-ѕвезда се огласи за пресудата Северина Вучковиќ доби заедничко старателство над синот Александар кој го има со бизнисменот Милан Поповиќ. Оваа вест ја потврди и Мате Матиќ, адвокатот на пејачката. Изминативе 20 месеци детето живееше со татка си, а отсега таа грижа ќе биде рамноправна. За одлуката на судот […]