fbpx

Најубава ѕвездо татина: Потресни зборови за починатиот Стефан

На социјалните мрежи не стивнуваат реакциите по прерано згаснатиот живот на десетгодишниот Стефан Балиќ.

Тој на 18 јули беше прегазен на пешачки премин додека ја поминувал улицата со татка си и со помалиот брат. Падна во кома, а на 22 јули почина.

Една баба од белградската населба Карабурма неодамна му посвети песна која расплака многумина, а сега се огласи и неговиот татко.

„Денеска сине се навршија 40 дена откако не си со нас. Ќе бидеме на твоето вечно почивалиште. Не ни забележувај ако не можеме да ги задржиме солзите. Те нема да си поразговараме. Го чуваме брат ти.. Прашува за тебе, вели дека ќе ги отвориш очите.. Го знаеш твојот Лука.. Ни вели дека си кај другарите.. Ех, да беше така.. Ти си таму горе, најубава ѕвездо татина.. Чувај го твојот Лука, а ние останатите некако ќе се снајдеме, веројатно.. Те бакнува Лука.. Те бакнува мама.. Те бакнува тато.. Те бакнуваат чичо и дедо.. И како што велат-се гледаме наскоро!“, напиша Михаило на „Фејсбук“.

Фото: Фејсбук

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Трагедија на сред натпревар: Тренер почина по удар од гром

Трагична вест го потресе фудбалскиот свет. За време на пријателски натпревар почина тренерот Иван Ранчев по удар од гром. Несреќата се случила во бугарското село Лесичово. Домашниот тим играл против екипата од Ботев кога почнало силното невреме. Гром погодил и еден од фудбалерите, но тој имал среќа и преживеал со […]