fbpx

Последните години поминувал низ пекол: Кој е прерано починатиот Драги Шпага?

Почина Драги Христов, на јавноста познат како Драги Шпага. Тажната вест ја објави порталот „Вистина“.

Христов починал на 52-годишна возраст по кусо и тешко боледување, откако му бил констатиран карцином на белите дробови.

Публиката го памети по оригиналниот имиџ, а заштитен знак му беа периките. Во 2004 година учествуваше во едно од првите реални шоуа во Македонија, „Тоа сум јас“, правено по теркот на „Големиот брат“.

Драги Шпага подоцна сними и филм за возрасни.

Потоа преку ноќ се повлече, пред повотрно да се најде на насловните страни како голем поддржувач на „Шарената револуција“.

Вистина.мк“ пишува дека короната била следната неволја со која се соочил, а инфекцијата со заразната болест едвај ја преживеал. Во полусвесна состојба, па во кома дваесет часа, со тешка пневмонија и внатрешно крварење во желудникот од кое изгубил многу крв, шансите да преживее му биле едвај 20 проценти. Матичниот лекар подоцна му рекол дека бил случај за во учебниците.. За жал, дали како поседица на короната и тешките диети, на Шпага му откажале бубрезите… Последните години два до три пати во неделата одел на дијализа.

Според кажувањата на негови блиски пријатели, токму при една дијализите неодамна му се слошило, по што му биле направени итни детални прегледи, по кои за жал било констатирано она најлошото-карцином на белите дробови во поодмината фаза.

Следни Објави

Еве зошто секој треба да остави лажичка шеќер во дворот: Причината ќе ве воодушеви

Дали сте знаеле дека една третина од храната што ја јадеме ја опрашуваат пчелите и дека тие се всушност одговорни за хранење на 90 отсто од светската популација? Британскиот природонаучник и телевизиски презентер Дејвид Атенборо советува дека во секој двор треба да има по една лажица шеќер за да можат […]