fbpx

Скршени сме: Трагедија во Хрватска, почина познатиот музичар

Уште една тажна вест од светот на естрадата

Не стивнуваат реакциите по смртта на басистот и гитаристот на познатиот хрватски состав „Вигор“, 52-годишниот Жарко Мариновиќ Жаре, кој почина од последици на Ковид-19.

Тажната вест на социјалните мрежи ја потврди и фронтменот на бендот, Марио Рот, кој се прости од својот колега со потресна објава.

„Те сакам, пријателе. Ти благодарам за се’. Додека сум жив и додека ме има, ќе живееш и ти“, напиша пејачот споделувајќи црно-бела фотографија од Жаре.

Од него се простија и останатите членови на групата.

„Скршени сме и без зборови. Драг наш Жаре, ти благодариме за прекрасното пријателство сите овие години. Засекогаш ќе бидеш во нашите срца. Бескрајно ќе ни недостасуваш. Сочуство до семејството“, стои напишано на официјалната страница на „Вигор“.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Кога умре, изгубивме многу: Овие зборови на Тоше сè уште болат

Пејач со ангелски глас, голем хуманист кој сѐ уште живее во нашите срца преку песните, но и со добрите дела кои ги остави позади себе.. Легендарниот македонски пејач и музичар Тоше Проески загина на денешен ден, 16-ти октомври, пред 14 години. Во своите излагања секогаш повикуваше на добрина и несебичност.. […]