fbpx

Небото стана посветло за уште една ѕвезда: Почина младиот готвач Лука

Младото момче прерано го загуби животот

Младиот хрватски готвач Лука Бегоња загина во сообраќајна несреќа, а веста за неговата смрт ја споделија од ресторанот во кој работел.

„Драг наш Лука, прерано не’ напушти… Тешко ни е да најдеме зборови за да ја опишеме тагата и празнината што ја чувствуваме. Покрај тоа што беше добар и лојален пријател, беше и врвен професионалец и личност која на работата ѝ пристапуваше со многу страст и знаење. Ти благодариме за секој убав збор, за секој креативен предлог, сугестија, трпение… Иако знаеме дека не сакаше да се експонираш, со оваа објава сакаме јасно да кажеме дека твоето заминување е непоправлива загуба за сите нас, а најмногу за твоето семејство. Почивај во мир Божји, драг наш Лука“, пишува во соопштението.

„Небото стана посветло за уште една ѕвезда“, „Кога еден млад човек прерано оди во вечноста, ништо повеќе не е исто“, „Почивај во мир, драг наш.. Ова не е крај.. Ова е нов почеток..“, се дел од коментарите под објавата која никого не остави рамнодушен.

Следни Објави

Трагедија! Габриела почина на бизарен начин, имаше само 23 години

Почина Габриела Анели, 23-годишната Бразилка, која пред два дена беше погодена со пивско шише во вратот за време на тепачка меѓу приврзаниците на фудбалските клубови Палмеирас и Фламенго. Полицијата соопшти дека уапсила 26-годишен маж кој е осомничен за нејзината смрт, пренесува АП. Анели, симпатизерка на Палмеирас, била повредена додека се […]