fbpx

Се огласи девојката на момчето кое почина од леукемија: Душо моја, се бореше како лав

Неутешна

Емотивна порака на социјалните мрежи сподели Емина Мемиќ, девојката на младото момче од Босна кое почина по долго и тешко боледување.

Алден Дервишкадиќ ја загуби битката со леукемијата. Имаше само 27 години.

„Душо моја единствена и љубов најголема.. Ти благодарам на сите овие години и се’ што поминавме заедно. Ти благодарам што беше мој и што имав чест да те познавам, ме научи многу за животот. Се бореше како лав, но време е да се одмориш. Во срцето засекогаш ќе ми останат убавите спомени. Те сака твојата Мими“, напиша Емина.

Од Алден се простија и играчите на „Железничар“, фудбалскиот клуб за кој страствено навиваше.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Кој е Бранко, функционерот кој е пронајден мртов во семејниот дом?

Почина заменик генералниот секретар на Српското собрание, Бранко Маринковиќ (41). Пронајден е мртов во неговиот дом во Белград и се’ уште не е позната причината за смртта. Маринковиќ е роден на 2 октомври 1980 година. По вокација е правник. Матурирал во Луизијана, САД, во рамките на меѓународната програма Pacific intercultural […]