fbpx

Отворено писмо ќе ве расплаче: Потресни зборови по смртта на Јовица

Првиот глас на крајишката група „Tromeđa No 1“, Јовица Пуповац, почина вчера во Белград.

Тажната вест ја потврди негов колега од бендот.

Сега и пејачот Ратко Родиќ се прости од Јовица со потресни зборови.

„Од денеска ништо повеќе не е исто. И денеска се охрабрувам да те прашам Господе, зошто само најдобрите? Ги губам пријателите, оние кои како бебе ги гледав по тврдините, во носии, на спотови, воодушевувајќи им се на гласот и стасот.. Беа пример за нас младите. Пријателе мој.. На истиот Бог кај кого денес одиш, можам да му се заблагодарам на шансата со тебе да го „вкрстам“ грлото, да се чувствувам привилегирано држејќи ти „бас“ додека сме облечени во иста носија. Сите шанси за наше дружење ги искористив максимално, а сега ми е уште помило поради тоа.

Ти благодарам што имав нешто вредно да слушам во детството. Ти благодарам за секој совет. Ти благодарам за деновите кога ми овозможи чесно и вредно да си го заработам бакшижот. И тогаш, а и денес го знам истото. Тие пари не се суштината, суштината беше времето со тебе, како и со секој волк од таа наша крајишка приказна. Тие денови ме држат и денес да не паднам, кога сум далеку кога треба да те испратам. Прости ми, а јас ти ветувам едно: Ќе направам се’ што е во моја моќ да го сочувам споменот на она што и самиот го правеше. Нека ти е лесна црната земја“, напиша Ратко во емотивната објава.

Фото: Фејсбук/Принтскрин Јутјуб

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Дојди сине, ти направив сарми: Мирјана со трогателна порака за славниот син

Семејството и пријателите се’ уште не можат да се помират со смртта на Маринко Маџгаљ. Познатиот актер и пејач на „Фламингоси“ по тешко боледување почина на 26 март 2016 година. Неодамна, пред славното Атеље 212 во Белград беше откриен мурал со неговиот лик, а по тој повод првпат во медиумите […]