fbpx

Шокантен пресврт во случајот Матеј: И порано го правел ОВА!

Нови детали од потрагата по исчезнатиот 27-годишен Матеј Периш од Сплит објави новинарот Младен Мијатовиќ во утринската програма на ТВ Пинк.

Тој откри дека Матеј и неговите пријатели со кои тргнал од Хрватска за Белград, прво застанале во Загреб да изнајмат комбе, но купиле и синтетичка дрога.

Како што наведува Мијатовиќ, друштвото конзумирало „спид“ пред вечерното излегување. Тие завршиле во клубот „Готик“ кога Матеј по полноќ, под неразјаснети околности, едноставно истрчал пред да му се изгуби секаква трага.

Мијатовиќ додава дека Периш и порано имал слични испади, односно и порано се случувало да напушти ноќен клуб и да исчезне на 10 до 15 часа.

Таткото на Матеј е згрозен од ваквите тврдења нагласувајќи дека не го познавал својот син како човек склон кон наркотици.

„Немав сознанија дека се користени опијати. Во комбето.. Знам дека пиеле, млади луѓе се тоа.. За друго не би сакал да коментирам, јас таков каков што некои се обидуваат да го претстават не го познавам“, изјави Ненад Периш.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Како да знаете дали сте заразени? Овие се првите два симптома на омикрон

Постои широк спектар кој укажува на Ковид-19, а бидејќи сојот омикрон е во пораст, некои од симптомите кои укажуваат баш на него посебно се издвојуваат Истражување на научници објавено во магазинот Journal of Microbiology, Immunology покажало дека проблемите со желудникот се релативно чест ран симптом на вирусот. Уште од почетокот […]