fbpx

Како да знаете дали сте заразени? Овие се првите два симптома на омикрон

Постои широк спектар кој укажува на Ковид-19, а бидејќи сојот омикрон е во пораст, некои од симптомите кои укажуваат баш на него посебно се издвојуваат

Истражување на научници објавено во магазинот Journal of Microbiology, Immunology покажало дека проблемите со желудникот се релативно чест ран симптом на вирусот.

Уште од почетокот на пандемијата Центарот за контрола и превенција од болести ги стави мачнината и повраќањето на списокот со можни симптоми на Ковид-19, но лекарите сега предупредуваат дека токму овие два симптома е можно први да се појават кај пациентите кои се заразени со сојот омикрон.

„Кај делта сојот симптомите на горните дишни патишта беа многу сериозни и затоа пациентите имаа воспаление на белите дробови, потешкотии со дишењето и завршуваа на респиратор. Но, кај омикронот, пациентите во поголема мера имаат гастро проблеми и имаат повеќе симптоми“, појаснува Бил Адмајр, главниот медицински консултант од болницата во Алабама.

Во истражувањето се наведува дека мачнината и повраќањето се јавуваат и кај возрасните и кај децата, па можат да бидат почетни симптоми на инфекцијата.

Тим Спектор, професор по генетска епидемиологија на King’s Collegeu во Лондон истакнува дека овие два гастроинтестинални симптоми почесто се појавуваат кај лицата кои се комплетно вакцинирани или примиле бустер доза.

Фото: Профимедија

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Што би можел да посакам повеќе? Белов ја покажа ќерката (ФОТО)

Александар Белов објави прва фотографија со ќерката Мина и тоа баш на неговиот 35-ти роденден. „А, што био можел да посакам повеќе од ова? Јас го добив својот најубав животен подарок“, напиша пејачот под сликата. Белов се прослави пред повеќе од една деценија во регионалното музичко натпреварување „Операција триумф“. Последните […]