fbpx

Потресно обраќање на Боки 13: Јасминке моја, постои ли клетва за тие што ни го направија ова зло

Постојат ли зборови, постои ли опис, постои ли мисла, постои ли стих, постои ли песна што може нас да не опише, мене и тебе..

Постои ли клетва за оние што ни го направија ова ЗЛО, постои ли утеха, постои ли начин да се избришат мајчините солзи кои се единствените искрени и многу болни, постои ли гума со која може да се избрише тортурата и оние моменти кога не ни дозволуваа да се видиме и да се гушнеме додека лежев во болница кога ме држеа во притвор по секоја цена, постои ли начин да ги заборавам листовите хартија натопени со моите солзи на кои ти ги пишував писмата од притвор бидејки тоа ни беше единствената комуникација, а кога ќе добиев повратно писмо со твојот краснопис го бакнував милион пати и со него заспивав..

Постои ли казна на овој свет за сите оние бездушници кои ни глумеа пријатели и роднини додека имаа само гола корист, па потоа ја покажаа својата бедотија и постои ли награда и збор за благодарност за оние кои што беа покрај нас и покажаа човечност и големина, и на крајот постои ли заборав за сите злодела и неправди кои ни ги нанесоа..

Постои ли поголема среќа од онаа кога ме дочека дома кога се „смилуваа“ и ме пуштија во куќен притвор.. НЕ ПОСТОИ !!!

ПОСТОИ САМО НАДЕЖ, ВЕРБА И ЉУБОВ

Надеж дека правдата ќе дојде и дека ова се , еден ден ќе биде минато..

Јасминке моја најмила, ти ме познаваш најдобро, знаеш дека никому не сум му направил ништо лошо, исто така знаеш колку многу ме имаат повредувано, понижувано, навредувано, дискриминирано и знаеш дека сум издржувал се, а сум издржал се возможно и невозможно поради твојата љубов и поддршка, мојата единствена и вистинска животна среќа е што ти си моја мајка.

Овие фотографии се од дочек на Нова 2021 кога бев во куќен притвор, бевме јас, ти, кучињата и неколку наши драги и искрени пријатели, Миле не беше со нас.. (а за тоа во друга прилика во засебен текст)

Нема лажен сјај на сликиве, нема филтри и фотошоп, има само љубов.

Ќе завршам со стихови од песна на Пепи Бафтировски

Ти не плачи мајко, што сум далеку и сам.. Ќе препливам води, назад ќе се вратам пак, во градите едра распнувам за пат, огнови високи сам ќе изодам. Ако згрешам, нека изгорам!

Објавено од администратор на профилот Боки 13

Фото: Инстаграм

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Пресврт: Ракометарот во Скопје не бил претепан, еве што се случило!

МВР со соопштение ги демантира информациите дека хрватскиот ракометар Денис Тот бил брутално претепан во Скопје, туку на КАРИЛ бил донесен во бесознание. „Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека вчера (07.04.2022) во 04:11 часот од Клинички центар во СВР Скопје е пријавено дека кај нив во бесознание, без видливи […]