fbpx

Братот на починатиот ракометар конечно ја откри вистината: Еве што се случило!

Доцна вечерва повторно се огласи братот на починатиот ракометар Денис Тот.

Борис го демантира тоа што наводно се гледало на безбедносните камери и негира дека Денис бил нападнат од две лица, дечко и девојка, во близината на дискотеката „Привилиџ“, како што објави „Вистиномер“, онлајн медиумот кој врши проверка на фактите и објавите.

„Многу им благодарам на господата новинари за „професионалноста“. Засрамете се поради пласирањето на дезинформации во јавноста и за ширење лаги поради повеќе кликови. Денис почина од срцев удар, а не од било какви телесни повреди, тепачка и останати глупости кои во текот на целиот ден беа напишани.. Срамота е да градите публицитет на туѓа несреќа!“, напиша Борис на „Фејсбук“.

Според извештајот на МВР, ракометарот на Бутел вчера во 04:11 часот бил донесен на Клинички центар во Скопје без видливи траги на насилство. Дека не бил претепан потврди и директорката на КАРИЛ, доктор Маја Мојсова, која изјави дека бил хоспитализиран во критична состојба и без срцева акција. Сепак, првичните шпекулации дека Денис бил нападнат, во текот на денот повторно се актуелизираа.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Познатите плачат: Неверување по смртта на Бојан Лазаров

Тажен ден за театарот На 50-годишна возраст почина познатиот актер Бојан Лазаров, соопшти „Југословенско драмско позориште“. Освен по улогите во матичниот театар „Душко Радовиќ“, публиката го препознава и по филмовите „Смрт човека на Балкану“ и „Београдски фантом“, како и по телевизиските серии „Државни службеник“ и „Ургентни центар“. Неговите колеги со […]