fbpx

Беше убавица, а потоа дрогата и депресијата ја уништија: Вака сега изгледа ѕвездата на „Династија“ (ФОТО)

Многу генерации ја паметат култната ТВ-серија „Династија“ и со нетрпение ја очекуваа секоја нова епизода. Една од најубавите жени и актерки од тоа време е Линда Еванс (81) која го играше ликот на Кристл Карингтон. Глумицата на оваа сапуница ѝ донесе неверојатна популарност и бројни награди.

Линда стана поп-икона во осумдесеттите заедно со Џоан Колинс, а и денеска многумина ја паметат нејзината софистицирана убавина. Сите беа воодушевени како таа природно старее, но се’ се промени во 2017 година кога на социјалните мрежи се појави снимка од нејзино апсење кое се случило три години претходно.

Еванс, која со години била зависна од лекови против болки, била уапсена за пребрзо возење под дејство на опијати. На задното седиште од автомобилот полицијата пронашла грст таблети. Подоцна се дозна дека актерката подолго време била депресивна. Бројните терапии и агресивни лекувања резултирале со коспоад, па морала да носи перики, неодамна открија луѓе од нејзиното опкружување.

Ѕвездата на „Династија“ преживеа големи удари и на емотивен план. Позади неа се два развода. Првиот сопруг Џон Дерек ја оставил поради 30 години помлада љубовница, а не успеа да најде заеднички јазик ниту со вториот сопруг Стен Херман.

Линда имаше бурна едногодишна врска и со музичар и наводно тој бил иницијаторот таа да направи неколку естетски операции.

Следни Објави

Нова трагедија, естрадата во шок: Почина славниот пејач

Уште еден живот прерано згасна, фановите плачат И официјално е потврдено дека на 48 години почина Јуриј Шатунов, славниот руски пејач кој пред повеќе од една деценија имаше армија обожаватели во родната земја. Поранешниот вокалист на групата „Ласковиј Мај“ починал во амбулантно возило, соопшти неговиот портпарол за агенцијата „Тас“. Нема […]