fbpx

Беше една од најубавите југословенски актерки: Наташа крие мрачна тајна (ФОТО)

Една од најубавите југословенски актерки, Гала Виденовиќ Алексиќ, иако се прослави во филмот „Јагоди во грлото“, јавноста најмногу ја памети по серијалот „Жикина династија“ каде ја глумеше Русинката Наташа.

Глумицата која цела поранешна Југославија ја фасцинираше со улогата на Естер во легендарниот филм „Бал на вода“ никогаш не го експонирала приватниот живот.

Таа пред неколку години откри мрачна тајна од снимањето на овој проект која речиси никој не ја знаеше.

Во ова филмско остварување партнер ѝ беше Милан Штрљиќ, а во една прилика истакна колку тешко ги поднела интимните сцени.

„Кога требаше да ги работиме љубвоните сцени, се испокарав со режисерот и десет дена воопшто не разговаравме. Немав проблем со разголувањето, но со оглед на фактот што Естер е многу млада и дека е во прашање нејзино прво сексуално искуство, сметав дека не може да делува како да е искусна“, појасни таа пред неколку години.

Во истата прилика истакна дека до денес се’ уште не го погледнала филмот во целост бидејќи, како што вели, го доживеала на многу емотивен начин.

Гала пред неколку години се појави и во ситкомот „Андрија и Анѓелка“ каде одлично се снајде како професорка по англиски јазик. Покрај одличната глума, легендарната актерка покажа и дека особено внимава на изгледот и дека и понатаму плени со убавината.

Следни Објави

Ги построил трите сина и ги убил: Нови шокантни сознанија за таткото-монструм

Светот е во шок! Татко од Охајо ги построил своите три мали сина и ги застрелал, јавѕ=уваат американските медиуми. Чед Дорман на сослушувањето признал дека планирал да ги погуби своите деца, додека окружниот обвинител на округот Клермонт, Дејвид Гаст, изјавил дека тоа е најстрашното злосторство што го видел во неговата […]