fbpx

Вака изгледа автобуски превоз Велес-Скопје во 21 век: Маја Лазарова одлучи да не молчи

После три преубави денови на планина, доаѓа момент да се вратам во цивилизацискиов хаос и се упатуваме кон Меѓуградска автобуска станица-Велес. Стасуваме во 16:40 и гледам шалтер од надвор и влез за шалтерот од внатре. Заради непикање во затворен простор сакам да извадам карта за Скопје на шалтерот од надвор-не може. „Тој е така само ставен, од внатре се вади!“ ОК!Влегувам внатре, зад шалтерот нема никој. Прашувам каде се вади карта -„Тука, али почекај, сега ќе стаса вработената, тука е негде!“.

После 5 минути стасува црно офарбана, натапирана госпожА и отвара прозорчето. Велам: „Ве молам карта за Скопје“. Пуна строгоча одговара: „Карта за Скопје се вади кога ќе стаса автобусот за Скопје, не може пред време!“ Прашувам: Како не може пред време?! А кога е следниот автобус?Одговара: „Од кај знам! 10 за 6…6…6:10…кога ќе стаса тогаш!“ Затвара прозорчето и не праи муабет.

Немам избор, останува да дремам 50 минути на автобуска и да демнам кој од автобусите што стига е тој за Скопје па да се затрчам да ја извадам картата-оти пред тоа госпожА не продава карти!!!! У меѓувреме стигаат бус за Кавадарци, за Битола,.. госпожа прати ситуација со автобусиве и на разглас се дернува: КАВАДАРЦИ-СЕГА!!!! Трчаат луѓе, вадат карти и брзо се пикаат у соодветниот автобус. Сфаќам дека за да стасам до карта у моментот кога госпожа ќе објави СКОПЈЕ-СЕГА!!!!, морам да застанам у редица пред шалтерот внатре. Застанувам, поминува 17:50, поминува 18ч, автобус за Скопје НЕМА! Стасува некој бус фирма ЕКСТРА БУС (мислам така беше) и госпожА од шалтер на разглас вика: „СКОПЈЕ!!!“ Сите од чекална нагрнуваат, јас среќа трета у редицава, давам платежна картица, одговара: „Не примаме картици!. Добро, вадам карта со кеш.

Кумашиниве ми пикаат претоварен планинарски ранец под автобус, ми викаат брзо внатре барај седиште. Влагам да седнам-внатре празно седиште НЕМА! Јас, едно девојче и една постара жена се вртиме нагоре-надолу, нема!!! Влегува возачов и му викаме: каде да седнеме? Одговара: „Епа нигде!“ Убацува у прва и трга за Скопје. WHAT?!? Постарава жена седнува на скалите од излезот у средина на бусот, девојчево седнува на под напред кај шоферот (види фото), јас останувам у средина растегната ко спајдермен меѓу две седишта, оти автобусов не е предвиден за патници да стојат па нема рачки и каиши да висат над седишта за да се придржувам!

Самохрана мајка на шефицата ѝ донира бубрег, па доби отказ: Ваков пресврт никој не очекуваше

Јас се уште у шок и неверување што ми се дешава, постарава жена коментира: Е добро де, 45 минути, голема работа ако постоиме!!! Ох бре Македонче задоено со филозофија „ќути има и полошо“!

1. Абе сум платила регуларна цена на автобуски билет-должни се да ми обезбедат регуларно седиште!

2. Дозволиво ли е патници да стојат во автобус на меѓуградска линија? Безбедно ли е?

3. Која е таа катастрофална организација у вези продажбана на билети? Кој е тој директор на Автобускава станица и дали има појма како се врши продажбава на карти?

4. Во 21 век во Велес немаш опција да си извадиш претходно автобуски билет Велес – Скопје? Невозможно било-не знаеле колку патници имало во автобусот што стига? Really?!?!

5. Не примаат платежни картички само готовина?!

6. Ало Франкфурт? Абе електронски треба да може да си извадам карта од дома, а не да малтретирате народ да се гужва у редица ко пред селска кооперација од пред два века и да не знае дали после саат време чекање ќе има место во автобусот? Нормални ли сте бре????

Монструмот го објави со слика: Ќерката на претепаната неготинка со потресно сведоштво

Најтрагично е што сфаќам дека луѓево што постојано користат автобуски превоз се навикнати на ваков третман, не им пречи, не сакаат да бидат третирани достоинствено и за чесно платен билет да си ја добијат услугата! Не веруваат ни дека ако реагираат ќе се промени било што.

Можеби и нема. Ама ако никој не реагира, дефинитивно нема.Ако почнат повеќе луѓе да реагираат – можеби не веднаш, но некогаш ќе им текне да се организираат како што треба! Затоа избирам ДА НЕ МОЛЧАМ! И освен овој статус ќе реагирам и до општина Велес и до Автобуската станица Велес. Работат како да сме во 19 век! Не се способни една евиденција на патници да водат-кому продаваат билети и кој им се вози во кој автобус. А тоа им е основна дејност! Сфаќате ли колку сте неорганизирани Автобуска станица Велес? Веројатно НЕ. Не не’ бива другари, НЕ НЕ’ БИВА!!!! Needless to say: 4-5 души од 53 вкупно носеа маска. Толку.

Фејсбук-статус на Маја Лазарова

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Малата Ленка ја посвоија, но им ја зедоа: Билјана и Борислав сега повторно се среќни

Се’ уште се прераскажува животната приказна со среќен крај од неполни две години кога брачната двојка Билјана и Борислав Савиќ го доби назад посвоеното дете. Малата Ленка која иако легално ја имаа посвоено, поради грешка во процедурата на социјалните работници им беше одземена. Оваа приказна оддекна во српските медиуми, откако […]