fbpx

Во шок сум, го препознавам син ми во него: Миа проговори за ученикот од Корчагин кој се самоуби

Не стивнуваат реакциите во јавноста откако ученик од скопската гимназија „Корчагин“ се самоуби, наводно поради врсничко насилство.

Дека момчето се соочувало со „булинг“ објави и познатата новинарка Мирослава Симоновска која, сепак, подоцна го повлече статусот по барање на мајката на детето која побарала да биде почитувана нивната болка и жалост.

Предмалку на социјалните мрежи за случајот се огласи и инфлуенсерката Миа Костова.

„Во шок сум од ова што излегува за случајот со детето од Корчагин. Се плашам зошто го препознавам Андрија во него, тивок, затворен и со многу материјал за булинг. Единствена разлика е што во мене се буди налудничавост кога се работи за него па можам да скинам глава и на дете. Не само на родител. Во случајов, одговорност треба да сносат сите, особено кадарот во училиштето, но и родителите на мангупчињата од прв до последен. Многу скоро говорот на омраза ќе ве кошта скапо. Прва јас ќе почнам да наплаќам. Па ќе размислите и што коментирате, и како воспитувате. Мирно небо, момче. Сите сме криви“, напиша Костова на „Фејсбук“.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Трагедија! Гостивар тагува, остави три деца позади себе

Во сообраќајна несреќа синоќа загинал младиот Адас Шабани. Тажната вест на социјалните мрежи ја објавија администраторите на страницата „Добердол Гостивар“. Шабани бил страствен моторџија. Непосредно пред трагедијата, на „јутјуб“ објавил видео од Кавадар каде присуствувал на традиционалната „Парада на мотори“. Со семејството живеел и работел во Словенија, а во Македонија […]