fbpx

Миа ѝ се обрати на една од најуспешните македонски манекенки: Зошто толку гнев?

Македонската инфлуенсерка и поранешна водителка Миа Костова директно ѝ се обрати на Снежана Сани Богдановска, модна новинарка, водителка и една од нашите најпознати манекенки.

Како што пишува во својата објава, Костова не може да сфати зошто Богдановска ги негира новите трендови и постојано ги понижува помладите.

„Отсекогаш сметав дека Сани е врвот кога се работи за мода и сѐ што оди со неа во изминативе 40 години откако знам за себе. Во последно време гледам толку гнев кај оваа преубава жена, што се прашувам од каде и како доаѓа тоа да мразиш млади манекенки па дури и да се во обид, да мразиш разни фешн викови ако не си дел од нив, да плукаш по дизајнери па еве денес на дневен ред дојдоа и инфлуенсери. Го разбирам гневот кон нешто што е нејасно, или новиот маркетинг насекаде во светот. Но, толку да понижуваш сѐ ново што доаѓа, не ми е јасно“, го почнува своето обраќање Костова.

Потоа таа директно ѝ реплицира на Богдановска на нејзиниот објавен статус кој гласи: „Зошто нема инфлуенсери на културни настани???“.

„Јас сум инфлуенсер кој оди на претстави, порасната во театар, следам културни настани редовно. Но, ако не сум викната таму за работа туку за задоволство лично мое, нема ни да снимам. Затоа што ако нешто не е платено, логично е и да не го гледаш на профил освен ако не е моја добра воља. Културните настани не се хуманитарни. Тоа е исто како ти, драга Сани да се прошеташ на писта за џабе. Со должна почит, жалам што не гледаш ништо убаво во она малку што може да го даде ова мало парче земја“, завршува Костова.

Следни Објави

Драг Тео, ќе недостасуваш многу: Сања Лукаревска скршена од болка

Тажна вест доцна вечерва споделена на социјалните мрежи Директорката на Управа за јавни приходи, Сања Лукаревска, со емотивна посвета се прости од свој близок пријател. „Драг Тео, еднаквите можности за кои се боревме ќе останат аманет за секој од нас. Ти ни ја даде најголемата можност, да си наш другар, […]