fbpx

Шокантни детали за Беливук: Може сѐ да падне во вода, ова е неговата најголема тајна

Во Специјалниот суд во Белград денеска продолжи судењето на таканаречената криминална банда на Веља Невоља.

Според последните сведочења, групата на популарниот Вељко Беливук планирала ликвидација на српскиот претседател Александар Вучиќ. Атентатот наводно бил планиран за време на откривањето на споменикот на Стефан Немања на Савскиот плоштад во Белград.

Судењето продолжи по неколку одложувања, наводно поради психичко растројство на Невоља кое наводно го има уште од најрана возраст.

Неодамна српските медиуми ја открија неговата најголема семејна тајна. Кога имал девет години, татко му извршил масакр во семејниот стан активирајќи рачна бомба. Настрадале тој, неговата сопруга Бранка и нејзината мајка Мирјана, а во станот бил и Вељко со уште едно дете за кои соседите се’ уште се чудат како преживеале.

Инаку, на социјалните мрежи може да се најдат два профила под името „Вељко Беливук“ кои се приватни и на кои има една објава.

На „Фејсбук“ постои профил со истото име од 2013 година, но и таму има само една објава. Не е пронајден ниту профилот на неговата сопруга Бојана, а и немаат ниту една заедничка фотографија.

Невоља и неговите соработници се во притвор, осомничени за атентатот на Милан Љепоја, припадник на криминалната банда Пинк Пантер, но и за ликвидациите на навивачите Горан Величковиќ и Здравко Радојевиќ и за уште неколку се’ уште нерасчистени убиства.

*Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Побегна од дома, Дејан го роди на 15: Познатата пејачка крие голема тајна

Контроверзната пејачка која последниве години стана заштитно лице на повеќе српски реални шоуа крие голема тајна Зорица Марковиќ во интервјуата гордо истакнува дека пораснала во Косјериќ и никогаш не го криела семејното потекло. Една новинарска екипа неодамна одлучи да го посети нејзиното родно место. Мештаните појаснија дека Марковиќ е родена […]