fbpx

Им помогна на многу луѓе: Почина познатиот македонски бизнисмен

Огромна тага, нека му е светол патот

Почина Ефтим Исиров, бизнисменот и сопственик на фирмата за трговија „Еуротрејд“.

Тажната вест ја сподели поранешниот советник на премиерот Зоран Заев и бизнисмен, Александар Ружин.

„Последен поздрав до господинот Ефтим Исиров-големиот пријател на семејство Ружин, бизнисмен и сопственик на фирмата за трговија „Еуротрејд“. Човек кој секогаш им помагаше на сите, како финансиски, така и со неговата иновација-препаратот на природна база кој помогна на многу луѓе од целиот регион при лекување од најтешки болести. Од него научив многу за бизнисот, а ми помогна и на самиот почеток, нешто што во денешно време ретко кој би го сторил. Сочувство до семејството и до сите скопјани и валандовчани, кои со огромна тага денес ја примија оваа тажна вест“, напиша Ружин на социјалните мрежи.

Исиров се најде во фокусот на јавноста пред четири години кога на лист хартија се потпиша за да докаже дека со фалш потпис преку неговата сметка „Комерцијална банка“ перела пари. Од банката тогаш одговорија дека немаат намера преку медиуми да се расправаат со фирми или поединци чии односи со банката се деловна тајна и целиот случај го нарекоа измислен.

Фото: Фејсбук/Александар Ружин

Следни Објави

Страшно! Ја киднапираат среде бел ден, полицајците само мирно набљудуваат (ВИДЕО)

Случајни минувачи се обидуваат да помогнат, летаат шамари.. Луѓе кои случајно се нашле на автобуска станица доживеале вистинска драма. Неименувана 32-годишна девојка била киднапирана во саботата среде бел ден пред затворот „Стенли“ во Хонг Конг, а спасена е 15 минути подоцна откако полицијата добила информација за возилото кое требала да […]