fbpx

Тага и неверување! Почина Тони Димитровски

Тажна вест

На 51-годишна возраст утрово во Штип почина бизнисменот Тони Димитровски-Папата, сопственик на компанијата Хамачи, објави локалната телевизија Стар.

Повеќе од три децении, Димитровски го градеше бизнисот на повеќе полиња и за целиот период бележеше огромни резултати, велат неговите сограѓани.

Спаѓа во редот на најголемите бизнисмени не само во Штип, туку и пошироко, давајќи пример како еден млад човек тргнувајќи од ништо може да создаде голема лична и професионална сатисфакција, пренесува ТВ Стар.

Димитровски освен како успешен бизнисмен, беше познат и како сопственик на компанија која покажуваше голема општествена одговорност, а тој самиот беше донатор во многу хуманитарни акции.

Следни Објави

Таму горе да пееш со тоа златно грло: Почина македонскиот пејач, естрадата тагува

Почина македонскиот пејач и музичар Златко Милошевски. Соработуваше со бројни познати имиња од домашната естрада која со шок и неверување ја прифати веста за неговата смрт. „Кога би знаеле што не’ чека и што ќе се случи, можеби би можеле да промениме нешто.. Остана само да се сеќавам на убавите […]