fbpx

Пензионерка видела како нешто мрда меѓу бананите: Ова не го очекувала (ФОТО)

Пензионерка се шокирала откако меѓу куп банани што ги купила во „Лидл“ пронашла симпатична мала жаба.

Како дел од својата неделна рутина, Џен Џовинацо (71) отишла во продавница за да купи овошје. Но, кога решила да изеде една банана, забележала дека малиот водоземец се вгнездил меѓу нив, пренесува „Метро“.

Го ставила во мала пластична кутија, па на радијаторот во дневна за да се згрее, а потоа ја повикала службата за заштита на животните. Се испоставило дека малото суштество било дури од Брегот на Слоновата Коска и до нејзиниот супермаркет во Епсом поминал неверојатни над 5.000 километри.

Џен самата ја истражувала жабата и е прилично сигурна дека се работи за примерок која обично живее во суптропски или тропски низински шуми.

„Редовно проверувам дали има пајаци секогаш кога купувам банани. Ама ова ме шокираше. Не очекував вакво ненајавено „слатко милениче“. Беше поспано, веројатно од долгиот пат“, се шегува таа.

Фотографијата можете да ја погледнете ТУКА.

Она што е исклучително интересно е податокот дека компанијата „Лидл“ на одржливо одгледуваните банани става лепенка со лого кое, верувале или не, е во форма на мала жаба.

Следни Објави

Конечно убава вест! Овие граѓани да си ги проверат сметките, парите им се префрлени

Почна исплатата Започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец март 2023 година, информира Министерството за труд и социјална политика. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната […]