fbpx

Неочекуван пресврт! Шокантни сознанија за младиот Александар, еве што последно направил пред да исчезне

Не стивнуваат реакциите во целиот регион по фаталното исчезнување на 18-годишниот Александар Јовановиќ.

Последната снимка од момчето од кое нема ниту трага, ниту глас веќе цела недела ја објави српски „Блиц“.

На видеото кое го испратило неговото семејство, Александар е исклучително вознемирен и гневен. Најшокантен е делот во кој исчезнатиот тинејџер коментира за смртта на млади луѓе, непосредно пред неговото исчезнување. На екранот на неговиот лаптоп се наредени слики од четворица млади момчиња и едно девојче. Александар наизменично коментира и објаснува како згаснале овие животи.

„Три месеци беше на кислородна поддршка и умре.. Овој вториот овде, го уби неговиот најдобар пријател, поради девојка му. Смешно. Третиот имал тумор на мозокот. Четвртиот го удрил наркоман со БМВ. И оваа ја силувал некој тип. И тогаш некој ми вели, ај, имаш 18 години, ништо не знаеш“, вели Александар во видеото.

Мајката на исчезнатиот Александар раскажува дека нејзиниот син често играл игри и стримувал, но и дека бил мошне социјален.

„Дознав дека на денот кога исчезнал напишал на интернет дека „храбрите луѓе не се плашат од смртта“. Потоа за време на стримингот, како што рекоа децата со кои беше на таа онлајн врска, тој почнал да плаче и на микрофон им кажал дека „веќе не може да трпи ваков живот“ и се исклучил“, открива мајката низ солзи.

Семејството се сомнева дека Александар скокнал во Сава.

Следни Објави

Мислев дека ќе умрам: Славица Ќуктераш проговори за тешката болест

Помислував на најлошото, призна неодамна познатата српска пејачка Славица Ќуктераш проговори за болеста која на почетокот не успеала да ја препознае. Таа цели две години се борела со анксиозност. Двапати носела холтер, консумирала многу лекарства и ѝ требало доста време за да сфати дека се работи за ментална состојба со […]