fbpx

Естрадата е во шок, почина познатата пејачка: Викендов се обиде да се самоубие, лекарите не можеа да ја спасат

Подолго време се бореше со депресија

Славната пејачка и текстописка Коко Ли почина на 48-годишна возраст, јавија светските медиуми.

Таа викендов се обиде да си го одземе животот, по што падна во кома. За жал, лекарите не успеаја да ја спасат.

Како што изјавија нејзините сестри Керол и Ненси Ли на социјалните мрежи, таа со години се борела со депресија, а состојбата ѝ се влошила во последните неколку месеци.

„Иако побара стручна помош и се потруди да се избори со депресијата, за жал тој демон во неа ја победи“, се вели во соопштението на семејството.

Коко, која е родена во Хонг Конг, млада се пресели во САД каде го продолжи своето образование. Имаше успешна кариера во Азија, како поп-пејачка во 1990-тите и 2000-тите, а беше позната по нејзиниот моќен глас. Нејзиниот албум „Коко Ли„ од 1996 година стана најпродаваниот албум таа година во Азија.

Следни Објави

(ВИДЕО) Гори во Слупчане! Ноќен бунт на жителите, ЕВН им ја исклучи струјата

Жителите на Слупчане вечерва со палење на гуми на патот го блокираа влезот на екипите на ЕВН. Од компанијата веќе неколку месеци се обидуваат да стават ред со неможноста да наплатат струја во оваа општина. Според последните информации, ЕВН Хоме ја исклучила електричната енергија и селото е во тотален мрак. […]