fbpx

Ново потресно сведоштво на мајката на починатото бебе во Битола: Ќе ве прогонува мојот Јован..

Во која нормална држава, со нормални услови и каде што партиите и „Ко је јачи у парама“ не се водечката каписла, се дозволува 12 дена да си дома, а се’ уште да не си испишан од болница и да се водиш таму!? А истото треба да е веднаш, кога си одиш од болница!!!

Ете јас после 12 дена, се’ уште немам отпусно писмо. Се’ уште мојата историја ја нема. Као технички си испишана, а документ од мене нема??? Никаде?

И нема мучканици? Или народски речено, „Чекај да се погодиме на смена заедно, напрајвме шо напрајвме, дај шо да напишиме да се извајме, да налепиме друг или да напрајме се’ да е подмачкано“?

Или ај бе ко ќе стигниме, сигурно плачи, пишти таја дома, не ѝ е дојдено до ова.. А?

Не кажувате ништо, ниту за комисијата, а ниту добив одговор на прашањето зошто немам отпусно писмо денес кога дојдов во тоа проклето одделение, а оти? Нормално, оти си бркате приватни обврски, а па ние извештај чекаме…

Па еве до четврток е рокот да се објави.. Ајде, свако чудо за три дена мислевте? О од обдукција во следните две недели нема да има, зошто? Па, сигурно се на одмор.. иако е наредено да се направи да е во најбрз можен рок. Или пак ќе ме вртите исто како што ми нудевте брда и долини за побрзо да ме истерате од болницата.

Јасно е дека има позадина, барем бидете храбри и признајте. Дури сум жива ќе ве гонам сите кои згрешивте за смртта на моето бебе. Па дури и обдукцијата да ја наместите, пошто знам, јасно и гласно ми беше кажано дека ве крепат, кој пари кој партија, никогаш мирно нема да спиете.

Ќе ве прогонува мојот Јован, Јана и уште х илјадници други деца кои вака безмилосно сте ги убиле.

Ќе се борам до крај!

Фејсбук-статус на Викторија Крстеска

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Вистински фраери: Пораснаа внуците на Тоше Проески (ФОТО)

Сестрата на легендарниот македонски пејач конечно објави фотографија со двата сина „Моите синови Кристијан и Никола беа во шок кога почина, не можеа да прифатат дека повеќе го нема“, откри во една прилика сестрата на Тоше Проески раскажувајќи за односот кој нејзините два сина го имале со својот славен вујко. […]