fbpx

Вистински фраери: Пораснаа внуците на Тоше Проески (ФОТО)

Сестрата на легендарниот македонски пејач конечно објави фотографија со двата сина

„Моите синови Кристијан и Никола беа во шок кога почина, не можеа да прифатат дека повеќе го нема“, откри во една прилика сестрата на Тоше Проески раскажувајќи за односот кој нејзините два сина го имале со својот славен вујко.

-Тоше и Кристијан беа многу поврзани. Тој му ја всади љубовта кон музиката, го учеше да свири и пее. Сепак, никогаш не сакаше да го експонира во јавноста. Се сеќавам кога го снимаше спотот за песната „За овој свет“, наменета за „УНИЦЕФ“, во кој се појавуваат многу деца, нашата мајка го праша зошто не го викне и Кристијан, а тој одговори: „Кристијан е многу талентиран. Ќе дојде врмее кога ќе ѝ се претстави на јавноста. Засега сакам да го држам на страна, тешко е да се биде дел од естрадата“- раскажа Дора во истото интервју.

Во меѓувреме, пошироката јавност го запозна Кристијан, а сега конечно е објавена фотографија на која се гледа како денес изгледа и помалиот Никола.

Иако многу ретко објавува фотографии на социјалните мрежи, а најчесто се тоа слики од својот брат, Дора, овојпат гордо ги покажа своите синови.

Сите тројца се фотографирани на омиленото место на Тоше во неговото родно Крушево, кај 33-метарскиот крст во близина на манастирот Свето Преображение.

Следни Објави

Какво време нè очекува за продолжениот првомајски викенд?

Со интензивни врнежи од дожд ни почна денешниот ден, а на Попова Шапка има и нова снежна покривка. Какво време не’ очекува за претстојниот празничен продолжен викенд? Од четврток до сабота времето ќе биде претежно стабилно и суво со многу повеќе сонце, меѓутоа наутро ќе биде значително постудено и температурите […]