fbpx

Трагичен крај за најубавата актерка во СФРЈ: Пронајдена мртва на валкан душек

Легендарната српска актерка отсекогаш беше посебна. Сите се воодушевуваа од нејзиниот талент, но битката со сопствените демони ја загуби засекогаш

За уникатноста на Соња Савиќ и денес се зборува. Но, малкумина беа свесни дека наместо да ужива во комплиментите од публиката, таа се соочувала со исклучително тешки животни искушенија.

Пресвртница во нејзиниот живот беше смртта на татко ѝ кој го изгуби во 1990 година. Тој загина во страшно невреме кое го зафати регионот, откако неговата едрилица се сруши и потона.

Актерката во едно интервју откри дека по оваа семејна трагедија со месеци била во депресија. Веднаш заминала во Словенија каде останала речиси десет години.

По враќањето во Србија, се’ уште не била комплетно подготвена за се’ што животот носи. Се зборуваше дека утеха пронашла во пороците.

„Конзумирав алкохол само во друштво. Единствено канабисот можеше да ме помести во некоја друга сфера и да ми донесе некое славеничко чувство во овој беден и јаден свет“, призна таа во една прилика.

Соња често истакнуваше како не е воопшто сфатена во земјата во која живее. На 23 септември 2008 година беше пронајдена мртва во нејзиниот стан. Според официјалниот извештај по обдукцијата, починала од преголема доза на недозволени супстанци. Имаше само 48 години.

Најстрашната информација пласирана во медиумите беше дека во станот во кој била пронајдена, освен валкан душек, немало никаков мебел.

Следни Објави

Почина старлетата која ја обожаваше светот: Огромна тага

Доживеала срцев удар во болница додека се опоравувала од естетски зафат, а сите ја знаат како двојничката на Ким Кардашијан Американската манекенка и ѕвезда од сајтот за возрасни „Only fans“, Кристина Ештен Гуркан, позната по прекарот Ештен Џи, почина на 34-годишна возраст. Светските медиуми информираат дека доживеала срцев удар додека […]