fbpx

Сомнителна смрт! Ненадејно почина синот на Синан Сакиќ, шокантни детали од минатото

Во затворот во Сремска Митровица почина Рашид Сакиќ (45), син на покојниот пејач Синан Сакиќ. Причината за смртта не е позната.

„Известени се полицијата, обвинителството и судот. Телото ќе биде испратено на обдукција во Институтот за судска медицина во Нови Сад“, велат за српски „Курир“ од Управата за извршување на кривични санкции.

Извор близок до семејството вели дека неутешната мајка Велида постојано плаче и не може да се соземе од трагедијата.

Легендарниот Синан Сакиќ кој почина во 2018 година само еднаш си ја отвори душата и проговори за својот син.

Во тоа интервју призна дека само еднаш го посетил Рашид во затвор. Тешко му било што неговиот син бил осуден на 12 години за убиството на Драгољуб Деспотовиќ во Лозница во мај 2002 година.

„Мојот син четири пати го пукаа во грб, тој се бранеше и возврати со пукање. Но, никој жив не го споменува тоа, сите зборуваат дека мојот син си го убил најдобриот другар. Му купував патики, носеше мои тренерки, тоа беа деца кои спиеле заедно, ниту една секунда не можеа еден без друг“, раскажа пејачот во емисијата „Гол живот“.

Во истото шоу тој се присети и дека ниту еднаш не отишол во болница кај својот син.

„Во болница не бев, но кога отидов во затвор му кажав само неколку збора: Знаеш колку ве сакав и тебе и него, сега секој нека си го носи своето бреме, а јас нема да бидам помеѓу вас. Ако ти треба нешто ќе ти дадам, ќе ти го испратам, но да дојдам уште еднаш тука никогаш повеќе“, си ја отвори душата пејачот.

Следни Објави

Два пропаднати брака: Кои се жените кои Груевски ги однесе пред олтар?

Боркица Манчева лани пред Основниот граѓански суд во Скопје поднесе барање за развод од поранешниот македонски премиер Никола Груевски. Ова е втор пропаднат брак за него кој во 2018 година избега во Будимпешта. Со Боркица која е 12 години помлада од него, Груевски има две ќерки. Двојката го изговори судбоносното […]